Обука за проекти јавни набавки по правилата на ЕУ

Почитувани,

Европската развојна агенција (меѓународна компанија за менаџмент консалтинг со седиште во Прага – Р. Чешка), Ве поканува на 2-дневна обука за јавни набавки по правилата на ЕУ на 24-25 јануари 2019 година.

За кого е наменета?

Обуката е наменета за лица кои имаат желба да работат или работат на јавни набавки по правилата на ЕУ (Procedures and practical guide т.н. PRAG), како за профитниот сектор, така и за непрофитниот сектор:
• Раководители на проекти (Project Manager) во граѓански, академски и профитен сектор;
• Финансиски раководители (Finance Manager) во граѓански, академски и профитен сектор;
• Претставници од бизнис секторот (хотели, агенции за транспорт, организирање на настани, превод, градежни компании);
• Студенти и за сите заинтересирани лица кои сакаат да работат на менаџирање на проекти финансирани од Европската унија.

Обуката има за цел заинтересираните да се стекнат со знаење и вештини за подготовка на различни видови на тендери (service, supply, work) во различен обем (single tender, competitive negotiation procedure, open tender) преку симулација на подготовтка на тендерска документација соодветна на секторот од кој доаѓаат. Обуката содржи 3 фази: подготовка на документите за објава на тендери, подготовка на понуди и евалуација на истите.

Што добивате?
• 2-дневна обука за подготовка на тендерска документација според правилата на ЕУ (16 часа)
• Печатени и електронски материјали
• Менторирање/консултантски услуги во фаза на поднесување на првиот тендер на кој
ќе аплицираат учесниците во период од 6 месеци по обуката (on-line директна подршка)
• Асистенција при поднесување на тендерската документација
• Сертификат
• Ручек и освежување за време на обуката

Цена: 16.200 денари

Предавачи: Наташа Постоловска – Амдију и Гордана Несторовска (ЕРА)

Специјални попусти:

За пријавување до 17-ти јануари се добива 20% попуст.
За учество на 2 лица од иста организација има дополнителен 10% попуст.

Пријавување на телефоните или на е-маил: elicamandzovska@gmail.com
Лице за контакт: Елица Пауновска телефон: +389 (0)70 306-589